Некои од астронаутите после долго време поминато во вселената имаат проблем со влошен вид, а ново истражување покажа која е можната причина за тоа. Научници од Центарот за здравствени науки на Универзитетот Тексас наоравија студија во која открија дека мозоците на стронаутите кои поминуваат долго време во вселената се шират во черепот и создаваат поголем притисок, па затоа голем дел од нив после враќањето на Земјата имаат влошен вид.
Тоа создава загриженост за долготрајните последици од долгите меѓупланетарни патувања, како што се планираните човечки мисии на Марс. Научниците од Тексас скенирале мозоци на 11 астронаути пред да заминат на шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица и по враќањето на Земјата. Во текот на една година по враќањето правеле уште шест скенирања на нивните мозоци. Добиените податоци покажале дека на сите астронаути им е зголемен волуменот на мозокот по враќањето на Земјата, вклучувајќи ги белите и сивите клетки и церебралната течност околу мозокот.
Во услови на нормална гравитација се верува дека течноста во мозокот оди надолу додека стоиме исправено, но постојат докази дека во услови на микрогравитација тоа не функционира така, односно микрогравитацијата го спречува тоа, па течноста се насобира во мозокот и во черепот.
Скенирањата покажале дека мозокот на астронаутите бил зголемен во просек за 2% и дека таа промена била присутна цела година после враќањето на Земјата. Тоа може да резултира со зголеме мозочен притисок и оптички нерв, што би ги објаснило проблемите со видот. Исто така, научниците окриле и деформација на хипофизата кај 6 од 11 астронаути, што е доказ дека вселенските летови ја менуваат структурата на мозокот.