Колку чекори дневно треба да направите за да си го продолжите животот

- Advertisement -

Во истражувањето објавено во списанието JAMA утврдено е дека меѓу луѓето кои дневно пешачат 8.000 чекори (отприлика 6,5 км) се забележани 51% помали шанси дека ќе починат во идните десет години од која било причина, вклучувајќи и рак и болести на срце, во однос на оние кои пешачат двојно помалку.

Ако дневно поминувате и повеќе, 12.000 чекори, изгледите за смрт во наведениот период ќе бидат 65% помали отколку оние кои поминуваат 4.000 чекори, пренесува Washington Post.

- Advertisement -

До овие резултати дошле научници со анализа на податоци од репрезентативен примерок од 4.840 Американци постари од 40 години, кои ги следеле 10 години и им ги броеле чекорите со акцелерометри, уред кој го носеле на колкови. Во десетгодишниот период умреле 1.165 учесници.

Се покажало дека без оглед на возраста, полот или расата, повеќе чекори дневно значеле помал ризик од смрт. Притоа, не бил битен интензитетот на одење. Во истражувањето се напоменува и дека со оглед на постојната ситуација со корона вирусот, можете да одите и дома во место, но и надвор под услов да одржувате два метри растојание од другите.

Сподели!
- Advertisement -