Индиски научници открија нов тип на корона вирус кај два вида лилјаци

- Advertisement -

Додека светот се бори против смртоносната пандемија на корона вирусот, индиски научници открија нов тип на корона вирус кај два вида лилјаци. Објавено е ново истражување во кое 25 лилјаци биле позитивни на новиот тип на корона вирусот наречен BtCoV. Локалните медиуми пишуваат дека истражувањето го спровело Индиското собрание за медицизнки истражувања и дека тестираните лијаци се од врстите русетус и птеропус, односно т.н. овошни лилјаци.

Лилјаците биле пронајдени во индиските јужни држави Керал, Тамил Наду и Пудучери, како и во државата Химачал Прадеш во западниот дел од Индија. „Овие корона вируси немаат никаква врска со вирусот SARS-CovV2, кој е одговорен за пандемијата КОВИД-19“ велат истражувачи од индискиот Национален институт за вирологија и додаваат дека немаат докази дали новиот вирус може да влијае на луѓето.

Сподели!
- Advertisement -