Лондон го направи автобускиот превоз бесплатен со цел да се заштитат возачите на автобуси од корона вирусот. Патниците сега мора да влегуваат нa средните врати на автобусите и не мора да се отчитуваат на читачот поставен во близина на возачот.
Новите правила имаат за цел да ги држат патниците на безбедно растојание од возачите. Најмалку 20 возачи на автобуси од Лондон починаа како последица на корона вирусот. Според истражувањата, луѓето кои користат јавен превоз имаат шест пат поголеми шанси да се заразат со КОВИД-19.
Ширум светот луѓе кои работат на клучни позиции почнувајќи од вработени во супермаркети до доставувачи на пратки секојдневно си ги ризикуваат животите за да го одржат нормалното функционирање на земјите.
Во Лондон бројот на патници со автобус се намали за 80% од избивањето на кризата, но многумина од тие клучни работници мора да патуваат со автобус до работа. Градоначалникот на Лондон упати апел до сите кои користат јавен транспорт да носат заштитни маски за лице.
Фото – pickpik.com