Како и други земји и Германија се бори со пандемијата на корона вирусот, а во прв план во таа борба се експертите, епидемиолозите и виролозите. Еден од најпознатите германски виролози ги оспорува тврдењата дека има случаи на повторно заразување со корона вирусот на луѓе кои веќе биле заразени и оздравеле.
Кристијан Дростен е виролог кој сега го води институтот Шарите во Берлин. Помал дел од јавноста знае дека тој учествуваше во борбата со епидемијата на САРС. Дростен бил еден од првите кои го изолирале тој вирус, работел на развојот на тестови како за тој, така и за овој вирус од истото семејство на корона вируси.
Во меѓувреме своите колеги и студентите ги информирал за вирусите преку подкасти, но кога требаше излезе од сенка како ескперт кој го осмисли германскиот модел за борба со САРС, а потоа и како едукатор, па затоа ја доби и наградата за комуникатор на годината.
Дростен има теза дека имунитетот стекнат при зараза со некој друг корона вирус во текот на зимата може да понуди заштита и кај овој нов вирус. Тој многу јасно направи корелација со инфромациите за повторно заразени луѓе од корона вирусот во Азија. Тој тврди дека тие не се повторно заразени, туку само не биле излечени до крај и во тоа голема улога имаат ограничувањата на PCR тестовите.
„Да го замислиме телото како едно езеро со златни риби. Тестирањето значи со заврзани очи да земеме кофа и да видиме дали ќе уловиме некоја риба. Пред крајот на заразата со КОВИД-19, кога пациентот субјективно и објективно се чувствува подобро, вирусот е уште присутен, но неговата концентрација е под границите кои ги детектира PCR тестот. Тоа е како да има помалку риби во езерото и 2-3 пати нема да ги уловиш, но четвртио пат ќе фатиш нешто“ објаснува Дростен.
Германија полека ги олабавува мерките, но Дростен зборува со доза скепса дека премногу храбро е да се зборува дека заразата е под контрола се додека нема вакцина. Неговата препорака е правилото „six feet – six seconds”, односно во контактите со другите луѓе останете на оддалеченост од 1,8 метри, а комуникацијата сведете на на шест секунди.