Француска студија откри можност никотинот да штити од корона вирусот

- Advertisement -

Никотинот можеби штити од корона вирусот, покажа истражување во Франција. Во подготовка се превентивни и терапевтски студии на пациенти, кои ќе се спроведуваат во париската болница Ла Пити Салпетриер.

Хипотезата за заштитните ефекти на никотинот е поддржана од нискиот број пушачи меѓу заболените од корона вирусот во светот, а доби и солдина потврда со новата француска студија во која учествувале 350 пациенти на болничко лекување и уште 150 со поблаги симптоми.

- Advertisement -

Од нив само 5% се пушачи, што е несразмерно малку отколку што ги има во целата популација. Хипотезата е дека никотинот се врзува за клеточните рецептори кои ги користи корона вирусот и така ги спречува да бидат преземени, да навлезат во клетките да почнат да се размножуваат, велат од институтот Жан-Пјер Шанжо.

Штом ќе се добие зелено светло, никотинските фластери ќе се применуваат во различни дози во три испитувања. Првото е како превентивна терапија за медицинските работници за да се види дали ги штити, второ како терапија за хоспитализираните пациенти за да се утврди дали ги ублажува симптомите и трето за болните со тешка клиничка слика на одделите за интензивна нега.

- Advertisement -

Студијата, сепак потенцира дека ова не треба да ги поттикне луѓето да посегнат по цигари. Никотинот е штетен за белите дробови, срцето и општото здравје, потенцираат научниците.

Сподели!
- Advertisement -