Експериментален лек за корона вирус покажа одлични резултати

- Advertisement -

Иако моментално нема лек за КОВИД-19, на повеќе локации во светот се вршат тестирања на неколку лекови кои би можеле да помогнат во лекувањето на болеста која секојдневно одзема илјадници животи во светот. Меѓу лековите кои имаат потенцијал во лечењето на корона вирусот се наоѓа и лекот „ремдесивир“.

Но, за од потенцијалн лек да се добие официјален лек потребно е многу време и тестирања, а тестирањето на „ремдесивир“ веќе некое време се спроведува на 152 локации ширум светот. Една од тие локации е универзитетската болница во Чикаго, а неделава во јавноста протекоа информации за првите позитивни резултати кои даваат надеж за успешноста на лекот.

- Advertisement -

Имено, со „ремдесивир“ биле третирани 113 пациенти со потежок облик на КОВИД-19, од кои две лица починале, а најголем дел од нив се пуштени дома многу порано отколку што се надевале докторите. Од компанијата Gilead Sciences, која го направи лекот, велат дека врз база на досегашните резултати, прерано е да се донесе заклучок и сите податоци мора добро да се анализираат. Сличен коментар имаат и од болницата каде што се тестирал лекот.

Кон крајот на овој месец Gilead Sciences треба да ги има резултатите од третата фаза од тестирањето на пациенти со потежок облик на КОВИД-19 и дополнителни резултати во текот на мај. Се надеваме дека тие резултати ќе бидат позитивни, а лекот ќе биде ефикасен како и во текот на тестирањето во болницата во Чикаго.

Сподели!
- Advertisement -