Една третина од светската популација до 2070 година ќе живее во сахарски горештини

- Advertisement -

Ако не ги преземеме сите мерки за да се бориме против климатските промени во наредните децении најмалку 3 милијарди луѓе ќе бидат приморани на миграција. Според ново истражување на холандски научници, на една петтина од Земјата ќе владеат сахарски горештини, а околу 3 милијарди луѓе поради таквите временски услови ќе мора да ги напуштат своите домови или да се обидат да преживеат на пеколни темепратури.

Светските експерти сега се занимаваат со прашањето на колонизација на Марс и пронаоѓање на други планети со услови за живот, но за многумина од нас зачувувањето на нашата планета и светот каков што го познаваме е подобро искористување на ресурсите и на времето. Ако не успееме да ја намалиме емисијата на стакленички гасови и ако дозволиме и понатаму да расте емисијата, преживувањето за голем дел од светската популација ќе стане невозможна мисија.

- Advertisement -

Ако дојде до тоа, делови од секој континент би станале невозможни за живот, а екстремните временкси услови ќе го загрозат производството на храна поради неможноста за користење на земјоделското земјиште. Тоа особено важи за региони околу Бразил, северна Африка и иИндија, додека на огромни површини од Русија, Канада и Арктикот постапно би се развивала умерена клима.

Овие предвидувања се базирани на сценарио според кое човештвото не успева да го реши проблемот со климатската криза и продолжува да ја зголемува емисијата на стакленички гасови. Предвидувањата се резултат на студијата „Иднината на човечката климатска ниша“ („Future of the human climate niche“).

- Advertisement -

Холандските научници заклучиле дека луѓето можат да се прилагодат на речиси секакви нивоа на влага, но во најсушните предели не можат да опстанат. Цивилизацијата на Земјата исто така се има прилагодено на секаква плодност на почвата, но горештините би биле најголем ограничуваки фактор за населување. Резултатите од студијата покажуваат дека луѓето најдобро напредуваат во услови на температура од 11 до 15 степени Целзиусови, каде што најдобро успеваат и главните посеви.

Студијата користи сценарио со одржување на високите нивоа на емисија на стакленички гасови, кои со себе носат ризик од пораст на температурите за повеќе од 4 степени Целзиусови до 2100 година.

Сподели!
- Advertisement -