Турските хотели и ресторани ќе мора да исполнат 132 нови критериуми ако сакаат да работат летово

- Advertisement -

Турција воспостави посебни хигиенски мерки и стандарди за да се подготви за враќањето на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Ерсој. Чекор по чекор од крајот на мај натаму ќе бидат укинувани ограничувањата за патување во земјата, речеи Ерсој. Меѓународните летови постепено ќе се воведуваат.

Турската влада разви посебна програма за издавање сертификати за хотелите и рестораните, кои ќе мора да задоволат строги критериуми. Вкупно има 132 критериуми, вклучувајќи почитување на хигиенските услови и социјалното дистаницрање.

- Advertisement -

Вработените во сместувачките капацитети ќе мора да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата, се укинува самопослужувањето со храна и пијалаци. Турската влада објави и список со болници и нивните капацитети кои се достапни во популарните туристички дестинации во земјата.

Туризмот е многу битен дел од турската економија, а годинава турските власти пред да избие пандемијата планираа да угостат 58 милиони туристи. Министерот Ерсој вели дека корона вирусот е под контрола во Турција и дека земјата може да очекува дури 63 милиони туристи во 2021 година.

Сподели!
- Advertisement -