Како и многу други спортски настани трката 24 часа Le Mans е одложена, но во традиционалниот термин ќе биде одржана виртуелна трка. Според официјалните информации, на 13 и 14 јуни во стандардниот темрин ќе се вози виртуелна трка Le Mans благодарение на компјутерската игра rFactor 2. Во трката ќе возат ѕвезди на eSport, како и професионални возачи.
Планирано е тркање во повеќе класи, а на стазата ќе има автомобили Le Mans Prototipе 2 (LMP2) и Grand Touring Endurance (GTE). Ќе се тркаат максимално 50 автомобили,а секој тим ќе биде составен од четири возачи. Во тимот ќе мора да има најмалку двајца професионални возачи и двајца играчи на eSport.
Виртуелната трка ќе ги има сите детали како вистинската. Секој играч ќе мора да помине најмалку четири часа во играта. Исто така, како и виртуерлните натпревари на NASCAR, Formulа 1 и трките со моторцикли, трката 24 часа Le Mans ќе се прикажува со директен телевизиски пренос, а ќе ја следат и коментатори.
Виртуелната трка почнува во 15 часот на 13 јуни.