Научници открија седум нови корона вируси, но уште не е познато дали може да се пренесат на луѓето

- Advertisement -

Научници открија седум нови видови на корона вирус кај лилјаци во африканската држава Габон, но уште не е сосема јасно дали можат да се пренесат на луѓето и да предизвикаат нова пандемија. Како што пишува NewScientist, на научниците од претходно им е познато дека корона вирусите од лилјаците можат да се пренесат на луѓето и да предизвикаат сериозни болести како што беше САРС во 2002/2003 година и пандемијата на КОВИД-19. За двете болести се смета дека настанале откако корона вирусот од лилјаците преку посредник дошол кај човечката популација.

Најголем дел од досега идентификуваните видови корона вирус кај лилјаците се пронајдени кај азиски лилјаци, но се повеќе се откриваат и кај африкансктие видови лилјаци. Од Меѓународниот центар за медицински истражувања во Габон неодамна тестирале повеќе од 1.000 лилјаци кои живеат во пештери ширум земјата и откриле дека кај 18 од нив имало корона вирус. Со генетско секвенцирање е откриено дека седум од тие корона вируси се пронајдени кај лилјаци кои јадат инсекти и досега биле непознати.

- Advertisement -

Пет од седумте нови вируси се тесно поврзани со познатиот корона вирус наречен хуман корона вирус 229E, кој кружи меѓу луѓето од 60-тите години на минатиот век и обично предизвикува само благи симптоми на настинка. Експертите претпоставуваат дека новите видови корона вирус исто така би можеле да се пренесат на луѓето и да предизвикаат благи симптоми или можеби посериозна болест, но потребни се дополнителни истражувања за да се потврди тоа.

Фото – commons.wikimedia

Сподели!
- Advertisement -