Три метри висок, девет метри широк – овој дом го изградила сама една жена користејќи само рециклирани материјали. Ивон Мартинс ја изградила оваа куќа користејќи илјадници стаклени шишиња како градежен материјал.
Таа ја добила идејата откако видела колку многу стаклени шишиња се фрлаат секој ден, но и како начин за да се бори со својата болест – депресија. Куќата денес станала вистинска локална атракција – не само што е еколошка, туку е економски најисплатлива.
„Овде има повеќе од 10.000 стаклени шишиња. Почнав да градам во ноември 2017 година со шишиња кои ги наоѓав во околината. Го направив тоа како еден начин да се борам со депресијата. Си изградив дом од стаклени шишиња. Можев да изберам и друг материјал, но добив идеја да користам токму стаклени шишиња затоа што не можев да си дозволам да купам градежни материјали“ вели Ивон.
Бразил е петтиои најголем производител на отпад во светот. Ивон планира да продолжи да користи рециклирани материјали за да го направи мебелот во домот и да помогне да се намали количината пластичен отпад во регионот.
(фото: YouTube)