Дизајнери создадоа послужавник кој никогаш нема да се преврти

- Advertisement -

Луѓето кои работат во услужниот сектор, односно келнерите знаат колку е тешко да се одржи рамнотежа кога на послужавникот се носат повеќе пијалаци и храна одеднаш и се работи во гужва каде што постојано некој ги турка. Тоа особено важи за ноќните клубови, баровите и слично каде што можеби се гледаат и спортски натпревари и луѓето се прилично возбудени.

За да не се случува да плаќаат од свој џеб за направената штета, тие мора да го совладаат одржувањето рамнотежа на послужавнкот. Но, може да се најде и друго решение како што е Tipsi Tray послужавник кој се држи со една рака и така е дизајниран што пијалаците никогаш нема да се превртат.

- Advertisement -

За послужавникот во тек е кампања на платформата Kickstarter, каде што со донација од најмалку 28 долари ќе добиете еден послужавник. Се очекува првите производи да бидат испорачани во септември годинава.

https://www.kickstarter.com/projects/rms2/tipsi-tray-the-single-handed-easy-to-use-carry-tray?ref=dve7of&fbclid=IwAR0chi_ojycKLDNVaGKFwEThQkbKBm3uDqAW_MNR5lDDXfnaFb7Pfk97MZo

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -