Во мај француската непрофитна организација Opération Mer Propre објави дека собираат фрлени заштитни маски од Средоземното Море. Според извештајот а организацијата, има зголемување на количината на т.н. „ковид отпад“, односно маски, гумени ракавици и амбалажа од средства за дезинфекција во последните три месеци. За жал, тоа само го влошува проблемот со отпадот кој постои со години наназад.
Според Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP), над 13 милиони метрички тони пластичен отпад завршува во океаните секоја година. UNEP предвидува дека таа количина ќе се зголеми за над 10 пати во текот на наредните 15 години. Сепак, извештајот на ОН не ја предвидел ситуацијата со користењето заштитни маски во целиот свет. Пандемијата само го комплицира проблемот.
Според Opération Mer Propre, стотици маски, ракавици и амбалажа од средства за дезинфекција биле откриени на дното на морето меѓу другиот пластичен отпад. Opération Mer Propre е една од многуте организации кои се загрижени за судбината на нашата животна средина после пандемијата на корона вирусот. Оттаму велат дека наскоро ќе има повеќе маски отколку медузи во Средоземното Море.
Фото – FB профил на Opération Mer Propre