ВИДЕО: Goodyear претстави гуми од иднината какви не сме виделе досега

- Advertisement -

Наместо во Женева, виртуелната конференција на Goodyear беше одржана во Брисел, а на неа беа претставени нови гуми наменети за електрични возила. Визионерскиот концепт reCharge се гуми со повеќе иновативни функции кои се зановаат на три степени, а тоа се прилагодливост, трајност и едноставно одржување без компликации.

За разлика од традиционалните гуми, кои се менуваат во зависност од годишните времиња и мора да се оди на вулканизер, гумите reCharge се менуваат за неколку минути и тоа без вадење на тркалата. Имено, јадрото на концептот е направено од 100% биоразградива смеса направена од биолошки материјал зајакнат со влакна, која е инспирирана од еден од најиздржливите материјали – пајаковата свила.

- Advertisement -

Гасниот слој на гумата може повторно да се наполни со посебно прилагодени каспули што значително ја поедноставува постапката на замена на гумите. Капсулите за полнење овозможуваат постепено менување и прилагодување на гумите на климатските промени, а и на индивидуалните навики при патување. За тоа се грижи вештачката интелигенција која креира профил на возач врз основа на што се прави течен спој и со тоа уникатен гасен слој направен по мерка на секој поединец.

Иако се работи само за концепт, што не е гаранција дека овие гуми ќе ги видиме на патиштата, персонализираните гуми и нивното прилагодување на условите на патот би биле добредојдени за возачите.

- Advertisement -

Фото: Goodyear

Сподели!
- Advertisement -