Ова е иноваторот Димитрија Ангелков кој ги направи првите македонски паметни респиратори

- Advertisement -

Паметна респираторна машина е последната иновација на кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, кој е познат и по неговите иновации: паметна интерактивна училишна табла, филтер за прочистувачи со стерилизатори за училишта, паметни канти за селекција на отпадот, а во последниот период и по визир маските за заштита од коринавирусот. Неговата најнова иновација – смарт респиратор е стара идеја, која неколку години го чекала вистинскиот момент. Интензивно се развива во последните неколку месеци откако започна светската пандемија на Ковид 19. Ангелков и неговиот тим се одзваа на јавниот повик на Фондот за иновации и технолошки развој за иновативни решенија за справување со последиците од Ковид 19 и развија прототип на лесна, мала и лесно пренослива респираторна машина, со која сакаат да бидат опремени сите амбулатни возила во земјава. Изработена е претежно од пластични делови, а лесна е и за одржување и целата може да се стерилизира со помош на гас за стерилизација.

Пишува – Сања Наумовска

- Advertisement -

Прототипот на респираторот е веќе готов и се усовршува, а истовремено се изработуваат уште 19 исти машини. Тимот, во моментов се соочува со проблем за сертификација на иновацијата, бидејќи кај нас нема соодветна лабораторија, а Ангелков вели дека штом се отворат границите респираторната машина ќе биде сертифицирана во Љубљана, Словенија, каде што има лабораторија за медицинска опрема.

За паметен респиратор кој користи амбу маска, размислуваме подолго време. Основата на идејата се базира на трудот направен во 2001 година „Управување на пропорционален електронски пневматски вентил“ во кој се објаснува како со тој вентил може да се подесува протокот и притисокот на воздух влез на машината“, вели Ангелков.

- Advertisement -

Една од најголемите предности на респираторот е што амбу маските, кои медицинскиот персонал ги користи рачно, во респираторот се сместени во комора во која протекува компримиран воздух однадвор. Тој создава притисок и ја пумпа маската и обезбедува кислород за пациентот. Она што е уникатно за овој респиратор и го прави различен од сите слични кои постојат во светот, е што користи погон на компримиран воздух, а не мотори.

Моторите создаваат електромагнетно зрачење кое пречи на многу медицински апарати, ја ограничува можноста за користење на респораторот и создаваат бука. Таквите решенија не ги поминуваат медициските тестови, за разлика од компресорите за воздух кои можат да стојат во било која просторија и на било кое растојание од пациентите“, нагласува Ангелков.

- Advertisement -

За иновацијата веќе е изработена и веб страната smart-ventilator.com на која било кој заинтересиран корисник или купувач во светот може да ги добие сите информации за паметниот респиратор. Целта, објаснува иноваторот Ангелков, е добрите дела да останат и да бидат достапни за секој што има потреба од нив. Во меѓувреме, посочува тој, тимот интензивно ќе работи на производство на сите 19 паметни респиратори. Во план им е да бидат задолжителна опрема за секое амбулатно возило во земјава, но и на сите медицински установи кои ќе имаат потреба од нив.

Планираме да ги повикаме општествено одговорните компании да ни ги покријат трошоците само за материјалите, за да можеме да изработиме што поголем број паметни респиратори. Како стигнуваат деловите кои ги набавуваме од целиот свет, ќе се работат и респираторите. Најголемиот број од деловите се пластични, па заради тоа е и практичен и лесен за употреба и носење. Цената за производство е 500 евра за сите составни делови, па е лесно да се произведува масовно“, посочува Ангелков.

Сподели!
- Advertisement -