Oд денес е дозволен транзит на патници низ земјава

- Advertisement -

Според усвоениот владин протокол, транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска да не се излегува од автопат или локален пат. Транзитот треба да се реализира за најмногу пет часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а да ја предадат на излез на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.

Странските државјаните кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродромот Скопје.

- Advertisement -

За македонски државјани, пак, граничните премини за излез од Македонија се отворени со потпишување на изјава со која се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена”. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен 14-дневен државен карантин.

Сподели!
- Advertisement -