Од денес, при влез во државата за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР тест не постар од 72 часа.
Оваа препорака на Комисијата доаѓа по направените анализи на актуелната епидемиолошката состојба во овие земји и високата стапка на заразени лица, согласно информациите добиени од нивните медицинските власти. Техничкиот премиер Оливер Спасовски, најави дека Владата најитно ќе го разгледа овој предлог и врз основа на тоа ќе донесат одлука. Претходно , во опција беше и целосно затворање на северната граница, но до тоа не дојде.
Рестриктивни мерки како начин за заштита од ширење на коронавирусот , претходните денови донесоа дел од земјите во регионот. На граѓаните на соседна Србија, строго им се забранува влез во соседна Грција , додека за да влезат во Црна Гора , ќе мора да прифатат да останат во 14 дневен карантин. Црногорците пак, при влез во Србија мора да замината во домашна самоизолација од 14 дена.
Според грчките медиуми, по откриените голем број „увезени“ случаи на Ковид-19 кај туристи кои преку граничен премин Промахонас (Кулата) пристигнале во Грција, Националната организација за јавно здравје веќе ги тестира речиси сите посетители.
Македонските граници , ширум се отворија за светот, без дополнителни ограничувања на 26 јуни 2020 година, додека на 1ви јули и меѓународните аеродроми во Македонија дозволија летови од сите светски дестинации. Истовремено, за граѓаните на Македонија , отворени се само граничните премини кон Србија, Косово , Албанија и Турција. Следна шанса за отворање на границите кон земјите од Европската Унија , граѓаните на Македонија ќе имаат од 15ти јули.