Компанијата Levi Strauss соопшти дека нивниот бизнис посебно ќе биде погоден од корона кризата во втората половина од годината, без оглед на тоа што продажбата на компанијата се подобри после повторното отворање на продавниците.
Најпознатиот светски производител на фармерки соопшти дека ќе укине околу 700 работни места или околу 15% од работната сила во непроизводните сегменти и надвор од продажбата, што ќе му помогне да заштеди 100 милиони долари годишно.
Сочувајќи се со привремено затворање на продавниците, како и со партнерските продажни места, Levi се сврте на онлајн продажба за да се избегне контакт меѓу луѓето. Компанијата извести за зголемување на својата работа преку интернет за 25% во вториот квартал, со раст во мај за речиси 80%. Од Levi додаваат дека неделните продажни резултати во продавниците постојано се подобруваат и во мај достигнале 80% поголема продажба во однос на лани.,
Сепак, велат дека се оптимистично внимателни со проценките за раст, особено со голед на тоа дека акциите на компанијата изгубија една четвртина од вредноста од почетокот на годината досега. Исто така, нето-приходите во вториот квартал паднаа за 62% на 497,5 милиони долари, но и тоа е повеќе од очекувањата на аналитичарите од 485,5 милиони долари. Levi пријави и нето загуба од 363,5 милиони долари во споредба со профитот од 28,2 милиони долари една година претходно.
(Bizlife)