Универзитетот Оксфорд во Велика Британија води во трката за развој на успешна вакцина против корона вирусот. Главниот научник на Светската здравствена организација таа вакцина ја наведува како водечки кандидат. Веќе до крајот на август, во текот на три фази од испитувањето, може да знаеме дали вакцината од Оксфорд е ефикасна во заштитата на луѓето од корона вирусот.
Според списанието The Economist, само едно успешно испитување би овозможило регулаторите да одобрат вакцина за итна употреба, што значи дека веќе во октомври би можела да биде достаона за најранливите и најризичните групи граѓани.
Британската фармацевтска компанија AstraZeneca, која вети дека вакцината што побрзо ќе ја обезбеди за се поголем број луѓе и веќе работи на создавање меѓународен синџир за снабдување, смета дека целосна дозвола вакцината може да добие на почетокот на идната година.
Врз основа на лековите кои се покажале успешни во борбата против слични вируси, тимот од Оксфорд кој работи на вакцината под водство на професорката Сара Гилбер брзо премина во фаза на клиничко тестирање на голем број луѓе. Како што велат луѓе добро запознаени со ситуацијата, тимот од Оксфорд е далеку пред сите.
Од AstraZeneca велат дека веќе се нарачани 2 милијарди дози од вакцината, а секоја чини колку едно кафе еспресо. Од компанијата додаваат дека веруваат оти нивната вакцина ќе штити од КОВИД-9 најмалку една година.
„Ако се биде добро, ќе ги имаме резултатите од клиничките испитувања во август или септември. Ќе бидеме спремни од октомври да почнеме да ја испорачуваме вакцината“ велaт од Astra Zeneca
(Bizlife, N1)