Hisense клима уредите се гаранција за чист и здрав воздух во домот!

- Advertisement -

Обезбедувањето на чист воздух во домот е императив за секое семејство кое посветува внимание и грижа за здравјето. Hisense клима уредите  со својата најнова технологија и комбинацијата од филтри, активно го прочистуваат и освежуваат воздухот од прашина, бактерии, издувни гасови, хемикалии и други штетни супстанци кои влијаат на здравјето на секој човек. На македонскиот пазар овие клима уреди ги носи компанијата Горење, која од 2018. година е дел од семејството на глобалниот технолошки лидер Hisense, кинеската корпорација за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони со 50-годишна традиција.

Hisense клима уредите имаат одлична технологија за прочистување на воздухот на повеќе нивоа, овозможена од пет филтри низ кои поминува воздухот. Оваа технологија гарантира висок квалитет на воздухот, а секој од филтрите има функција да овозможи подобар и поздрав воздух во домот. Тоа се витамин Ц филтер, филтер со катехин, филтер со сребрени јони, оптички каталитички филтер, ХЕПА филтер и арома филтер.

- Advertisement -

Како функционираат овие технологии?

  • Филтерот со активен јаглен овозможува најдобра апсорпција на честички и непријатен мирис. Овој филтер има јаглен кој покрај честичките, фаќа и хемикалии, издувни гасови и чад од цигари и е совршено решение да го апсорбира и да го отстрани непријатниот мирис во домот
  • Филтер со катехин, што е екстракт од зелен чај,  поради ефектите на оксидација и стерилизација се додава во филтрите, Активните ензими создаваат јадро на бензен, кое апсорбира непријатни мириси и штетни материи во атмосферата. Филтерот со катехин ги пресретнува и ефикасно и долгорочно ги стерилизира честичките од прав. Неговото антибактериско дејство уништува повеќе од 95% од бактериите.
  • ХЕПА филтер е високоефикасен филтер, кој зафаќа 80% повеќе честички од прашина од класичните филтри, овозможува посвеж и почист амбиентален воздух.
  • Арома филтерот е дополнителна заштита што дистрибуира пријатна миризба во воздухот, која ги релаксира сетилата.
  • Филтерот со сребрени јони е многу ефикасен за стерилизација и ефикасно го запира ширењето на бактериите.
  • Филтрите со витамин Ц обезбедуваат дополнителна заштита што овозможува исклучително чист воздух кој е здрав за кожата, не предизвикува чешање, ја прави помека и го намалува стресот, истовремено обезбедувајќи терапевтски придобивки.
  • Филтри со сребрени јони кои ги ловат нечистотиите од воздухот и ги елиминираат бактериите за да обезбедат почист воздух во просториите.

Зошто е важен јонскиот генератор кој го содржат Hisense климите?

- Advertisement -

Уникатноста на Hisense клима уредите е и во јонскиот генератор на студена плазма кој Во овој процес регенерираната енергија од празнењето оксидира и ги стерилизира молекулите на прашината и бактериите со што воздухот во домот ќе го задржи чист и свеж.

Јонскиот генератор на студена плазма создава природна биоклима богата со позитивни и негативни јони на кислород. Негативните јони содржат еден електрон повеќе, додека позитивните јони имаат еден електрон помалку, што резултира со нестабилност. Додека се обидуваат да се рестабилизираат овие биполарни јони бараат други атоми и молекули во воздухот за со нив да разменат електрони и со тоа ефективно да ги неутрализираат клетките на бактериите и вирусите, миризливите гасови и аеросолите, како и волатилните органски соединенија.

- Advertisement -

Влијанието на јоните во воздухот експериментално е докажано и постојат бројни студии кои потврдуваат дека нарушениот природен баланс и вишокот на позитивни јони во воздухот предизвикува лошо расположение, главоболка, безволност, пад на имунитетот и друго. Од друга страна, вишокот негативни јони делува благопријатно на човековото здравје и расположение. Негативните јони се природен прочистувач на воздухот  затоа што лесно се врзуваат за нечистотиите, стануваат потешки и паѓаат долу.  

Овие клима уреди имаат уште една многу важна карактеристика:  отпорност на мувла. По исклучувањето на клима уредот, внатрешниот вентилатор ќе работи уште 30 секунди за да го исуши испарувачот со што се спречува насобирањето на мувла и воздухот се одржува здрав.

Клима-уредите Hisense може да се набават преку интернет страницата на Горење или во продажните салони на Горење во Карпош спроти ТЦ Лептокарија (https://www.gorenje.com.mk/prodazba/prodazni-saloni/prodazen-salon-gorenje-karpos) и во Ново Лисиче позади ТЦ Лиса и ПСС во близина на Џевахир скај сити (https://www.gorenje.com.mk/prodazba/prodazni-saloni/gorenje-studio-aerodrom).

Сподели!
- Advertisement -