ЕБРД обезбеди 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка за кредити за локални бизниси погодени од коронакризата

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) обезбедува 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка Македонија за кредити за локални приватни бизниси и корпорации засегнати од економската криза поради пандемијата од коронавирусот.

Економијата на Северна Македонија, која е помалку зависна од туризмот за разлика од останатите земји од Западен Балкан, е силно под влијание на трговијата и производството, наведува ЕБРД во соопштение. Ново финансирање е витално за да ја ублажи сегашната ситуација и преку Шпаркасе банка Македонија ЕБРД ќе може да помогне на компаниите на кои им е потребна поддршка.

- Advertisement -

ЕБРД, како што се посочува во соопштението, одговори брзо на кризата предизвикана од Ковид-19, обезбедувајќи го Пакетот за солидарност. Банката очекува нејзините инвестиции од 21 милијарди во 2020-21, во целост да бидат посветени на одговорот и на обновувањето од пандемијата со коронавирусот.

-Шпаркасе Банка Македонија е водена од принципите на социјално одговорни операции и во согласност со мерките усвоени од Министерството за финансии и Владата на Северна Македонија, донесе мерки и решенија да ги поддржи долгорочните профитабилни бизниси кои денес се под негативно влијание на Ковид-19 пандемијата. Ќе работиме преку нашето партнерство и поддршка од ЕБРД да работиме заеднички со нашите клиенти со цел да ги минимизираме негативните ефекти од коронавирусот во земјата, изјави Глигор Бишев, генералниот директор на Шпаркасе банка Македонија.

- Advertisement -

-Обврска на банката е да му служи на приватниот сектор. Обезбедувајќи финансиска помош и ликвидност на бизнисите во овие тешки времиња е од суштинско значење за поддршка на целата економија во земјата, рече шефот на Канцеларијата на ЕБРД во земјава Анди Аранитаси .

Сподели!
- Advertisement -