За една недела истекува рокот за пријавување за ИПАРД2

- Advertisement -

За една недела завршува рокот за доставување на апликации за мерка 1, „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ дека привршува рокот за доставување на апликации.

- Advertisement -

Сите заинтересирани за користење на средства од ИПАРД 2 програмата целокупната документација треба да ја достават во затворен плик со назнака, Не отворај, за Јавен оглас ИПАРД бр 01/2020, директно во писарницата на Агенцијата или пак да ја испратат по препорачана пошта на следната адреса :

 Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

- Advertisement -

Целокупната комплетна документација треба да се достави најдоцна до наредната сабота ( 01- ви август 2020 година).

„Оваа мерка е наменета и нуди можност за реализација на инвестиции во  секторите: растително, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик тракторите не се прифатлива инвестиција“- посочува Бабовски.

- Advertisement -

Финансиската поддршка по поединечно барање се доделува како неповратен грант во износ од 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 % за инвестиции во земјоделски стопанства, управувани од млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

 Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик, изнесува  9.216.693 евра.

Сподели!
- Advertisement -