Како настанало омиленото летно освежување- сладоледот?

- Advertisement -

Уживањето во јадењето слатки е традиција долга илјадници години. Во ледените десерти се уживало и во древниот свет – од Кина до Месопотамија. Пред околу 4.000 години Кинезите уживале во некој вид на замрзнат сируп. Векови подоцна, околу 400 година п.н.е во Персиското царство се пиело шерба. Тој пијалак, кој се служел ладен, како главна состојка имал сируп од црешни, дуњи и шипки, а го ладеле со снег. Шербет, сорбе и сируп се рецепти, но и зборови кои потекнале токму од тој древен пијалак.

Историските извештаи велат и дека Александар Македонски, кој го освоил Персиското царство во 330 година п.н.е. уживал во ладните пијалаци засладени со мед. Грците, а подоцна и Римјаните исто така го прифатиле обичајот на ладење на пијалаците. Во раните години на Римското царство банкетите на царот Нерон биле познати по овошните сокови засладени со мед, а изладени со снег. Векови подоцна, во текот на 1920-тите години, Марко Поло се вратил од Кина со рецепт за „лед со вкус“, а некои рецепти вклучувале и млеко.

- Advertisement -

Овие десерти, кои биле предци на сладоледот, можеле да се направат само ако сте во можност да набавите снег или мраз, кој се носел од ладните планински предели или од замрзнатите езера и реки. Жителите кои живееле во планински места го собирале мразот така што го прекривале или го обложувале со слама и гранки за да го забават топењето, а потоа го превезувале низ планините во градовите.

На планините снегот и мразот биле сместени во „ледени куќи“, а различни цивилизации правеле различни варијанти на тие куќи. Роа главно биле комори без тплина и светлина, а често се користеле и длабоки јами, кои биле прекриени со слама или пилевина. Набавката на мраз била сложена, па затоа и тој бил вредна стока во стариот свет. Во Средниот век снегот уште се носел од планини ширум Европа. До 17 век многу имоти имале приватни ледени комори, а од 18 век натаму во градовите почнале да се градат големи ледени куќи, а трговците од врата до врата продавале големи блокови мраз. Во некои градови трговијата со мраз ја регулирале властите, кои ја одредувале цената, а потоа и казните за илегална продажба. Во Неапол во 1807 година имало 43 трговци со мраз, кои како што ги обврзувале правилата, мразот го продавале само во текот на летото.

- Advertisement -

Точното време кога било додадено млекото во смрзнатите десерти тешко е да се утврди. Некои историчари веруваат дека таа пракса прво се развила во Азија, а во Европа ја донел Марко Поло, додека други историчари велат дека тоа е мит.

За млекото и павлаката да бидат вклучени во смрзнатите десерти готвачите користеле ендотермичка постапка. Тие состојките ги ставале во метален сад, кој потоа го ставале во голема канта наполнета со мраз и сол. Солта ја намалувала точката на топење на ледот кој би ја повлекол топлината од кремавата смеса која потоа се стврднувала.

- Advertisement -

Првите докази за употреба на оваа техника во Европа потекнуваат од трактатот кој во 1550 година го објавил Блас де Вилафранк, шпански доктор кој живеел во Рим. Техниката се проширила по Италија, а во 1558 година Џанбатиста де ла Порта го опиша во својот труд Magia naturalis.

„Затоа што она што луѓето сакаат да го прават на забави е да пијат ладно вино со мраз, особено на лето. Ќе ве научам како може виното само да се лади, дури и да се смрзнува, а потоа така ладно да се пие. Турете малку вино во тегла и додајде малку вода за побрзо да се смрзне. Потоа додајте снег во дрвен сад и преку него турете лажичка прашина. Ставете ја теглата во снегот и таа постепено ќе се замрзне“ ја споделил својата тајна Џанбатиста.

Со неговиот рецепт за замрзнато вино воедно е претставен и начинот за правење сорбе. Во Неапол сорбето станало попопуларно отколку во кој било друг дел од Европа. Во 1690 година излегла и првата книга за сорбе од анонимен автор. Судејќи според состојките кои се користеле, овие рецепти се правеле во аристократските домаќинства.

Се верува дека првите сладоледи настанале во Италија, а рецептите во текот на 17 век се прошириле во Франција, а потоа и во Англија, каде што навистина добро биле прифатени. Во прилог на тоа оди и деталниот приказ на сладолед на едно уметничко дело. Таму сладоледот е насликан меѓу бројни сложени јадења кои се служеле во Виндзор во мај 1671 година на празникот Свети Ѓорѓе. Во тој период, 1700-тите години, прв пат се појавил и терминот „ice cream”.

Правењето сладолед, за разлика од сорбето, било доста напорно. Мразот морал рачно да се ситни и да се посипе со сол, па да се наполни огромна када во која бил ставен друг сад со павлака, млеко, шеќер и ароми. Содржините потоа биле рачно мешани неколку часа додека не се претворат во сладолед.

Сладоледот често се ставал во калапи со форма на овошје и цвеќиња. Поради трошоците за правење и послужување на сладоледот, десертот останал недостапен за најголем дел од Европејците и во него главно уживале членови на високото општество.

Сорбето станало популарно во големите европски градови во текот на 18 век. Поради средната класа, која била се побројна, замрзнатите десерти станале дел од понудата на локалните продавници. Пред сорбето постоеле гранити, односно замрзнати производи од овошје и мраз и сорбе со крем. Кралските фабрики за порцелан, како што е Sèvres во близина на Париз, произведувале чаши и чинии за сладолед за продавниците и домаќинствата затоа што поскромните семејства почнале и тие да уживаат во сорбето.

Првата книга целосно посветена на уметноста правење сладолед била „L’Art de bien faire les glaces d’office“, објавена во Франција во 1768 година. Иако лудилото по сладоледот набрзо се проширило и на северноамериканските колонии, во 18 век тоа за нив уште било луксуз. Податоците кои ги водел еден трговец од Њујорк покажуваат дека претседателот Џорџ Вашингтон во телот на летото 1790 година потрошил околу 300 долари на сладолед, што е еднакво на 1.000 долари денес.

Во САД сладоледот станал достапен и за обичните луѓе во 1843 година, кога њујорчанката Ненси М. Џонсон патентирала машина за сладолед и драстично го скратила времето за производство. Американските компании го подобриле дизајнот на машината, а во 1851 година млекарот Џејкоб Фусел од Балтимор ја отворил првата фабрика за сладолед.

(National Geographic.rs)

(фото: Goodfreephotos)

Сподели!
- Advertisement -