Иновативниот софтвер на компанијата „Роллсофт РСМ“ брзо и ефикасно порамнува долгови и побарувања

- Advertisement -

Роллсофт РСМ“ од Скопје е нова компанија на македонскиот пазар, која како филијала на меѓународната компанија Rollsoft LTD, нуди единствено софтверско решение базирано на комплексни алгоритми, со кое брзо и ефикасно се порамнуваат побарувања и долгувања помеѓу правни субјекти, јавни претпријатија и државни институции. Се работи за алгоритам кој пронаоѓа и затвара ланци на долгови и побарувања со што долгорочно придонесува за забрзување на движењето на парите на пазарот и ослободување на капиталот заробен во долгови.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем веќе неколку години го поддржува воведувањето на иновативни финансиски решенија на македонскиот пазар. За таа цел, Проектот соработува со клучните државни институции, организации и компании, меѓу кои и компанијата „Роллсофт РСМ“.

За „Роллсофт РСМ“, софтверското решение MCS и бенефитите кое ги носи за компаниите и за економијата генерално, разговараме со Сања Божиноска, оперативен менаџер во Роллсофт РСМ.

- Advertisement -

Разговараше – Сања Наумовска

Г-ѓа Божиноска, „Роллсофт РСМ“ е нова компанија која во Македонија функционира како филијала на Rollsoft Ltd. Кажете ни нешто повеќе за почетоците на вашата работа на нашиот пазар?

- Advertisement -

Rollsoft LTD e меѓународна компанија кoja преку „Роллсофт РСМ“ од Скопје е застапувана во нашата држава, а започна со работа на почетокот на годинава. Во земјите од нашето опкружување Rollsoft Ltd има веќе свои функционални филијали кои успешно функционираат повеќе години. Експертизата со која располага Rollsoft е насочена кон продукција на софтверски решенија базирани на комплексни алгоритми, кои врз основа на потребите на пазарот се усогласени со легислативата и се имплементирани во локалното опкружување. Конкретно, предмет на интерес и апликација на решение е ситуацијата во земјава по однос на висината на јавниот долг и просечниот рок на наплата на истиот меѓу сите учесници од стопанството, но истото така и од јавниот сектор. Основната претпоставка е дека купувачите не ги извршуваат своите обврски за навремено плаќање, кое пак, резултира со креирање на бројни непосакувани исходи што ги засегаат добавувачите, кои се јавуваат во улога на доверители. Ако поедноставиме, овие отстапувања од очекуваните пазарни механизми на долг рок создаваат состојба во која економијата се потешко функционира и голем број бизниси не можат да опстанат.

За надминување на состојбата на ненаплатени долгови на пазарот го понудивте софтверското решение MCS. Објаснете ни како функционира?

- Advertisement -

Се работи за комплексен алгоритам во заокружено софтверско решение кој пронаоѓа и затвара ланци на долгови и побарувања (мултилатерални компензации – MCS). Функционира помеѓу стотици правни субјекти кои можат да бидат во приватна или јавна сопственост, или самите државни органи. Побарувањата и долговите се порамнуваат преку генерирање база на субјекти кои се согласни да учествуваат во циклусот на компензација. Податоците за побарувањата и долгувањата ги доставуваат клиентите, компензацискиот циклус се одвива периодично, и во него, за краток рок и со апсолутна прецизност, софтверот врши порамнување или компензација на побарувањата со долгувања. Секој потенцијален заинтересиран клиент до апликацијата може да пристапи преку интернат страната https://rollsoft.com/, во која има и македонска поддршка. Со неколку едноставни чекори може да се регистрира, а сите потребни документи и информации се наоѓаат интернет страната. Потребно е да ги испечати, пополни, потпише и повторно да ги прикачи, а по извесен период, доколку се исполнети законските услови, се потврдува регистрацијата во апликацијата. Клиентот добива код со кој може да пристапува и управува со својата сметка во апликацијата. Циклусите на конпензации се одвиваат периодично за што се поставува распоред на нашата интернет страна, а сите регистрирани клиенти добиваат информација на нивната меил адреса.

Како поточно функционира апликацијата и дали, што им е најважно на клиентите, ја зачувува доверливоста на податоците?

Работењето во апликацијата е многу едноставно. По известувањето дека ќе стартува циклусот на компензација, во рок од една работна недела, клиентите имаат обврска да ги внесат актуелните долгови и побарувања. Софтверот ја завршува компензацијата и резултатите ги доставува во вид на прелиминарен извештај до секој клиент посебно. Секоја компанија, наш клиент, во рок од 48 часа, може да се согласи со резултатот и да ја одобри компензацијата во целост, може да впише друга сума која сака да ја компензира во овој циклус, помала од понудената или да не се согласи со понудената компензација. По изминувањето на 48 часа, компензацијата се затвара и сите клиенти во електронска форма добиваат извештај за извршена компензација кој единствено го доставуваат до својот книговодител кој ќе ја евидентира компензацијата. Во извештајот се наведени податоците само за доверителот и должникот кои со клиентот вршат компензација, останатите учесници во циклусот не се видливи, а со тоа и заштитени. Тоа значи дека клиентот во целост управува со своите долгови и побарувања како и со можноста за компензација на истите.

Многу е важно да се напомене дека податоците кои ги внесуваат клиентите не претставуваат деловна тајна, затоа што се внесува ЕДБ на должник/доверител, број на фактура/договор и износот, а не се внесува видот на производот/услугата, ниту, пак, цените. Исто така, внесените податоци во системот се обрабатуваат во облак и никој друг нема пристап, ниту некаде и некому се видливи. За апликативниот софтвер, кој е интернационален, врската за анализа на податоците е кодот МКД и ЕДБ.

Кои се компании можат да станат ваши клиенти и во кои услови можат да го користат софтверското решение MCS?

Апликацијата е наменета за сите видови и големини на претпријатија кои се регистрирани во државата, од сите области на работење, со стопански и нестопански дејности. Не постојат никакви посебни услови за некоја компанија да стане наш клиент, освен законските услови кои се однесуваат на платниот промет, побарувањата да се реални, да не се застарени, да не е започнат судски спор за истите или да е отворена стечајна постапка за клиентот.

Дали, во периодот во кој функционирате на македонскиот пазар, имате реализирано наплати или компензации за клиенти?

Локално, во нашата држава се уште не е реализиран циклус на компензации. Нашата намера е првиот циклус да го спроведеме наесен. Во нашето опкружување, како што предходно спомнавме, веќе неколку години функционира системот за мултилатерални компензации – MCS и реализирани се многубројни циклуси. Во нив учествуваат голем број на клиенти, што во суштина и е предноста на оваа апликација. Колку е поголем бројот на клиенти, поизвесна е можноста за пронаоѓање решение за порамнување.

Каков е интересот на домашните компании за вашата услуга, со оглед на тоа дека се работи за ново решение, а наплатата на побарувањата е голем проблем за деловните субјекти?

Со оглед на фактот дека компанијата е релативно краток период на финансискиот пазар во нашата држава, интересот на компаниите за регистрирање во нашиот систем е голем. Од причина што не постојат никакви финансиски оптеретувања, освен доколку се реализира компензација, од една страна, како и едноставниот начин на употреба на решението, дополнително го зголемува интересот. Засега, компаниите кои што се регистрираат настапуваат најчесто како доверители.

Кои се бенефитите за компаниите и за економијата, генерално, од решение како MCS?

Прво, можноста за вршење на компензации, односно порамнувања, од својата канцеларија, користејќи ги дигиталните алатки, е голема предност не само од аспект ва заштеда на време и непотребни трошоци, туку и како превенција од непотребно изложување на опасниот вирус COVID-19.

Она што е голем бенефит за компаниите и економијата е што со примената на овој начин на порамнување се забрзува движењето на парите и се ослободува капиталот заробен во долгови. Од причина што се користат информации за долгови и побарувања, а не „живи пари“ – како ефективни средства, можно е да се забрза ликвидноста, затоа што парите не се ништо друго освен договорена информација за побарувања и обврски. На овој начин се наплатуваат побарувањата и од оние кои не се во состојба да платат затоа што им должат, се намалуваат трошоците за наплата – нема извршувања и долги судски постапки, се исплаќаат обврските без употреба на готовина, се зголемува прометот и се подобруваат билансите на клиентите. Сите трансакции се регистрирани со што се намалува можноста за даночна евазија. Да сумираме, суштината на решението е, од една страна, да се намали внатрешниот долг, а од друга страна да се зголеми ликвидноста на фирмите, воедно и коефициентот на обрт, што пак доведува до зголемен обем на работа и добивка, што секако, директно позитивно влијае на вкупниот БДП.

Сподели!
- Advertisement -