Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов закон со кој ќе ја забрани употребата на криптовалутите како средство за плаќање во земјата од 2021 година натаму. Законот е потпишан откако руските пратеници предложија верзија на законот по која какво било издавање или размена на криптовалути се смета за противзаконско. Сепак, Путин потпиша блага верзија на првиот предлог-закон.
Според известувањето на руската новинска агенција RIA, нацртот кој го потпиша претседателот Путин ќе ги спречи граѓаните да користат криптовалути за плаќање на стоки и услуги во Русија. Меѓутоа, законот ќе овозможи трансакции преку дигитални финансиски средства. Исто така, владините службеници и другите поединци на кои им е забрането да имаат банкарски сметки во странство не можат да поседуваат криптовалути. Овој закон ја штити рубљата како легално средство за плаќање во Русија.
(Bizlife)
(фото: Flickr)