Бил Гејтс со проценка за крај на пандемијата

- Advertisement -

Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ има свое предвидување кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот. Тој смета дека луѓето низ светот ќе го дочекаат крајот на пандемијата во различни периоди, во зависност од тоа дали живеат во земји во развој или побогати земји како САД.

„Иновациите за подобрување на дијагностиката, новите терапии и вакцините се навистина импресивни.Пандемијата во голема мерка, особено кај богатите земји, би можела да заврши уште кон крајот на 2021 година. Во светот во целина, тој рок би бил продолжен до крајот на 2022 година“, изјави Гејтс за списанието „Вајрд“ во интервју објавено во петокот .

- Advertisement -

Основачот на „Мајкорсофт“, кој финансира медицински истражувања и активности за пронаоѓање на вакцина против вирусот, не е претеран оптимист во однос на неговото искоренување. Тој е свесен дека, дури и ако се оствари неговото предвидување, пандемијата ќе уназади многу земји во светот, економски и инфраструктурно. Технолошкиот могул верува во пронаоѓањето на вакцина против Ковид-19, но посочува дека некои вакцини ќе им помогнат само на богатите и развиените земји, кои ќе можат да дојдат до големи количини од истата.

„Оваа болест, според првичните податоци од тестирањата на вакцини врз животни и податоците од тестирањата во прва фаза, се чини дека е многу излечива по пат на вакцинација“, истакнува Гејтс.

Сподели!
- Advertisement -