Општина Вевчани информира дека е лансирана првата крипто валута на Република Вевчани – Крипто Личникот, чиј автор е Јордан Стојановски, бизнисмен во САД и докторант на Универзитетот во Мичиген.
„Вкупната количина на Крипто Личници што се планира да се емитува e 100 милиони, но тие се издаваат најрано во текот на првите 12 години по лансирањето“, соопштија од Општина Вевчани.
Од таму велат дека при самото лансирање се издаваат 20 милиони, од кои 10 одат кај авторот за користење на сопствена промоција, а 10 милиони Општина Вевчани може да ги издаде одма за било која цел. Останатите 80 милиони Крипто Личници се генерираат рамномерно во следните 12 години.
Градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанковски објави дека добитници на првите Крипто Личници за несебичен придонес во враќање на општината и нејзина промоција се Васил Ј. Радиноски, Косто Србакоски, Симун Лешоски, Др. Благоја Парталоски и Секула Баткоски.
Извор – Радио МОФ