Уличниот артист Андреј Јосифовски – „Пијанист“ наслика уметнички мурал за Халкбанк АД Скопје
Од неодамна, зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ ја краси нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“. Овој мурал е поставен по нарачка на Халкбанк и всушност претставува првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје.
Пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на Халкбанк, и со овој потег банката наместо да вложува во класично надворешно рекламирање, се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, но и да им оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат.
Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. За негова изведба беа потребни вкупно 5 дена, а „Пијанист“ работеше сосем сам како артист за муралот.


