Во доба на пандемија богатите одат на шопинг по визи и државјанства

- Advertisement -

Поради епидемијата на корона вирусот, која трае повеќе од половина година, луѓето ширум светот го сменија начинот на живот. Делумно поради страв, делумно поради рестрикциите кои беа воведени за да се спречи ширењето на пандемијата.

Сепак, оваа криза ги погоди сите, па дури и оние кои се чини се најзаштитени поради својот статус. Ако следниот пат богаташите дојдат во ситуација да бидат во карантин, сигурно би сакале да имаат можност да се сокријат на безбедно, изолирано место, по можност сончево и со многу плажи.

- Advertisement -

Една од потенцијалните опции е Нов Зеланд, пишува Bloomberg. Причината, најверојатно, е тоа што оваа земја е една од ретките кои успешно се бореа со корона вирусот. Богатите сакаат да се свртат кон програми кои вклучуваат државјанство или живеалиште во замена за инвестирање во земјата во која дошле.

На пример, можете да стекнете право на живот, на работа и учење на Нов Зеланд ако учествувате со, на пример, 2 милиони долари. Се зависи од видот на визата за престој за земјата која ќе ја изберете.

- Advertisement -

Околу 1,2 милиони евра, вклучувајќи и купување имот чини државјанството за брачен пар на Малта. Како што велат експертите, ова е нивниот план за вонредна ситуација. Повеќе не станува збор за поединци, туку за семејства кои им се јавуваат на компании стручни за купување државјанство или визи за престој.

Во првите четири месеци од годината побарувачката за такви услуги е зголемена за 49% во споредба со истиот период лани. Сега има 22% повеќе луѓе што сакаат да поднесат барање за ново државјанство или виза за престој.

- Advertisement -

Сепак, богатите не се интересираат само за егзотични дестинации и острови. На пример, интересот на португалската програма за живеење се зголеми последните месеци поради релативно малиот број ззразени со корона вирусот. Оваа земја во тоа гледа шанса богатите да помогнат да закрепне пазарот на недвижности. За добивање други пасоши или вистинска дозвола за живеење во други земји потребно е време – најмалку три месеци за програмата на Карибите, на пример, а уште подолго се чека за земји од ЕУ.

(Bizlife)

(фото: Pride Immigration)

Сподели!
- Advertisement -