Железничката корпорација на Кина оваа година вложи 67,1 милијарди јуани, односно околу 9,67 милијарди американски долари во железничката инфраструктура, што претставува раст за 3,6 % во однос на минатата година. Инвестициите се претежно во големи и средни железнички проекти и изнесуваа 49,9 милијарди јуани во јули. Кина ја има втората најдолга железничка линија во светот, а само минатата 2019 година преку кинеската железничка транспортна линија поминале 3.660 милијарди патници, а извршен е транспорт на стоки во вкупен износ од 4.389 милијарди.
Во 2020 година во период од седум месеци пуштени се во употреба повеќе од 1.310 километри нови железнички линии, вклучувајќи ја и 733 километри долгата пруга за возови со голема брзина.
Фото – commons.wikimedia.org