Ново истражување докажа дека нашите соништа се продолжение на нашата реалност

- Advertisement -

Најголем дел од соништата се продолжение на она што се случува во секојдневниот живот, велат научници предводени од научникот Алесандро Фогли од Универзитетот Рома Тре во Италија. Фогли објасни дека секојдневието влијае на она што го сонуваме и обратно.

На пример, тешкотиите во животот водат и до телесни проблеми, додека гледано од позитивната страна, соништата можат да помогнат во решавањето проблеми кои се јавуваат во секојдневието. Од друга страна, традиционалната психолошка анализа на соништата датира од времето на Фројд, кој тврдел дека скриеното значење на соништата може да го открие со анализа на будните искуства во секојдневието.

- Advertisement -

Модерната анализа на соништата, пак, бара симболи, метафори, структура и ликови кои одговараат на други делови од животот на одредена личност. Наведената методологија, вклучувајќи го и т.н. систем Хал и Ван де Касл, кој ги шифрира тие елементи и ги проучува начините на кои тие меѓусебно влијаат едни на други со светот на соништата. Меѓутоа, тоа е многу бавен и долготраен процес. Нешто на таа тема јавноста можеше да види во популарниот филм „Inception” на познатиот режисер Кристофер Нолан.

Фогли и неговиот тим успеале да пронајдат начин да следат голем број соништа така што направиле јазик од извештаи од соништата, односно од 24.000 соништа, кои се складирани во огромна јавна банка на податоци која се вика DreamBank. Попрецизно кажано, тие се фокусирале на ликови, социјална интеракција и емоционални зборови за да бараат репетитивни обрасци. Наведените три димензии се сметаат за најбитни од аспект на интерпретацијата на соништата и го дефинираат нивниот „заплет“.

- Advertisement -

Тимот на Фогли користел посебно дизајниран алат за обработка на јазици за податоците од извештаите да ги претвори во изрази и потоа ги споредувале со рачно напишани извештаи на експерти за соништа. Прецизноста на нивните дигитални алатки покажала неверојатни 75% совпаѓање со реално напишаните извештаи.

Добиените резултати ја поддржуваат тезата за континуираност, односно дека соништата се само продолжение на нашето јаве бидејќи се пронајдени многу статистички маркери кои одразуваат што искусуваат луѓето што спијат во секојдневнието.

- Advertisement -

Сепак, студијата не нуди дефинитивни одговори на прашањето за значењето на човечките соништа. Авторите на студијата велат дека нивното истражување може да овозможи изум на технологии кои ќе ја премостуваат празнината меѓу реалниот живот и соништата.

(RT, Dnevnik.hr)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -