Британски експерт предупредува: во Азија е пронајден вирус 10 пати позаразен од новиот корона вирус

- Advertisement -

Британскиот научник Сара Гилберт, која го предводи истражувањето на лек против КОВИД-19 на Универзитетот Оксфорд, предупредува на зголемен ризик од епидемии на заразни болести кои се шират од животните на луѓето.

Гилберт нагласува дека човечката активност е главен двигател на тие закани и додава дека ризикот нема да се намали ако се продолжи со глобализацијата и во иднина. Големата густина на населението, зачестените патувања, сечењето на шумите – сето тоа придонесува за појава на нови епидемии, но потоа тие епидемии ќе се шират и пошироко, вели Гилберт.

- Advertisement -

Поради начинот на кој се одвиваат работите во светот, се поверојатно е дека зоонотски инфекции ќе предизвикаат епидемии и во иднина. Мнозинството од научниците се согласни дека новиот корона вирус преминал кај луѓето од лилјаците, веројатно преку пазарите во Вухан.

И други смртоносни вируси како САРС, ебола и вирусот на Западен Нил исто така преминаа од животни на луѓето. Предупредувањето на Гилберт стигнува во момент кога наводно се појавил нов вид на корона вирус во Индонезија, Сингапур и во Малезија, за кој се верува дека е 10 пати позаразен од оригиналниот вид на САРС-КоВ-2 вирусот.

- Advertisement -

Вакцината која ја развива Универзитетот Оксфорд ги чека резултатите од третата фаза на тестирањето, а ако се докаже нејзината ефикасност, научниците од Оксфорд се надеваат дека би можела да стане широко достапна до крајот на годината.

(Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -