„Визер“ привремено откажува 36 авио-линии од регионот

- Advertisement -

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Визер“ привремено, во текот на зимата, ќе откаже 36 линии во земјите од регионот. Ќе бидат прекинати дури осум линии од аеродромот во Тузла, а ја откажаа и единствената линија во Словенија.

Последниот лет годинава меѓу Шарлероа во Белгија и Љубљана е закажан за 24 октомври, а летовите се очекува да бидат повторно воспоставени во март следната година, пренесува SEEbiz.

- Advertisement -

Претходно, „Визер“ откажа четири линии од аеродромот „Тузла“, а сега откажува уште четири линии кон Берлин, Келн, Баден и Ваксјо во Шведска.

Овие летови треба да се вратат во март следната година. Четирите правци што беа откажани порано требаше да бидат обновени во октомври, но тоа сигурно нема да се случи оваа година. „Визер“ го откажа и летот од Сараево до Будимпешта, но тој треба да биде воспоставен на 2 октомври.

Сподели!
- Advertisement -