Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93% во однос на Одлуката од 07.09.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),  се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

- Advertisement -

Од 15.09.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            58,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             60,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       49,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               49,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      24,549 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 5,950 %, на дизелот за 9,999%, на екстра лесното масло за 9,239 %, и на мазутот за 9,018% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,496%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 07.09.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,795 0,950
Австрија 1,026 1,070
Бугарија 0,933 0,923
Хрватска 1,150 1,233
Германија 1,067 1,290
Грција 1,154 1,432
Италија 1,282 1,398
Унгарија 1,036 1,038
Словенија 1,000 1,004
Сподели!
- Advertisement -