Се развива софтвер за предвидување на вселенски бури

- Advertisement -

Научниците веруваат дека предвидувањето на вселенски бури е од голема важност за сите нас. Последната голема сончева бура ја погоди Земјата во 1859 година. Постојат записи дека поларната светлина можела да се види на небото во целиот свет, но убавината на тој пејсаж имала своја висока цена – глобалниот телеграфски систем, кој во тоа време бил единствен начин за комуникација на големи растојанија, претрпел огромна штета.

Некои телеграфисти изјавиле дека доживеале струен удар додека испраќале пораки, некои сведочеле на фрлање искри од каблите, додека глобалната телеграфска мрежа била во дефект неколку дена. Кога такво нешто би се случило денес, штетата би била многу поголема затоа што би настрадале сателити, вселенски летала, GPS системи, телекомуникациски и електрични мрежи, а луѓето би биле погодени од разни видови опасно зрачење.

- Advertisement -

Од тие причини професорот на МИТ, Ричард Лунарес основал мултидисциплинарен тим од научници за да развијат софтвер кој ќе може да предвидува големи вселенски бури, сончеви пламени и слично за Земјата да има доволно време да ги исклучи сите ранливи системи пред да ги погоди бурата или некои други вселенски феномени кои влегуваат во интеракција со нашата атмосфера.

Неговиот тим почнал со правење напредни компјутерски модели базирани на историски податоци во рамките на програмата SWQU programa (Space Weather with Quantified Uncertainties), во соработка со американската организација National Science Foundation (NSF) и со НАСА. Тие добиле 3 милиони долари за да развијат систем наречен Composable Next Generation Software Framework.

- Advertisement -

Во научниот тим се вклучени врвни математичари, астрофизичари, астрономи, програмери, геофизичари и експерти за вештачка интелигенција. Лунарес верува дека успешно ќе развијат силна софтверска платформа која со помош на компјутерски алатки и анализа на сетови големи количини податоци кои доаѓаат од разни извори на Земјата ќе му овозможи доволно време на човештвото за заштита на сите системи, но и да ни овозможи нови сознанија за активностите кои доаѓаат од Сонцето и од вселената.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pickpik)

Сподели!
- Advertisement -