Сингапур, Хелсинки и Цирих се технолошки „најпаметните“ градови во светот, објави Швајцарскиот институт за управување со развој во анализа за иднината на технологијата во ерата на постпандемијата. Потоа следат Оукленд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њујорк.
Од паметни сообраќајни камери и апликација за споделено возење со автомобили до надзор над ѓубрето и бесплатен бежичен интернет за сите граѓани, градовите ширум светот се натпреваруваат во брзината на прифаќање на технологијата, но експертите велат дека најважното прашање е колку корист од тоа имаат граѓаните.
Најпаметните градови во светот не прифаќаат нова технологија по автоматизам, туку се стремат вистински да го подобрат животот на граѓаните, вели Артуро Брис од Институтот кој втора година по ред го објавува Smart City Index.
Во годинешната анализа се испитани 13.000 луѓе од 109 градови кои одговараа на прашања за ефектот на технологијата во шест области: здравство, безбедност, мобилност, активности, настани и управување.
По Сингапур, Хелсинки и Цирих, до десетото место се најдоа и Окланд, Осло, Копенхаген, Женева, Тајпеј, Амстердам и Њијорк. На дното се африканските градови КОпенхаген, Наироби и Лагос. Истражувањето покажа дека во многу земји „најпаметните“ градови не се нивните главни градови.
Во Шпанија, Билбао го надмина Мадрид, а вториот по големина британски град Бирмингем напредува подобро од Лондон. Во колумбискиот град Меделин, некогаш познат по наркокартелите, стапката на криминал опадна по воведувањето бесплатен безжичен интернет. Тоа им олесни на граѓаните да ги пријавуваат злосторства, вели Брис.
Многу градови низ светот воведоа сообраќајни шеми за автомобили и поголема сообраќајна култура заради намалување на метежот, Москва беше особено успешна во тоа. Тоа, затоа што така се гарантира бесплатен паркинг на сите корисници на оваа „паметна услуга“.
Големите градови тешко стануваат „паметни“, иако стручњаците сметаат дека Ковид-19 го забрза преминот кон поинклузивни, позелени, попаметни градови. Така, Брис предвидува и тренд на свртување кон помалите градови.