МАКАМ-ТРАНС: Само 3% од превозниците работеа со полн капацитет во време на пандемија, а сите имаат намалени приходи!

- Advertisement -

Интервју со Валерија Темелкова, менаџер за техничка поддршка во МАКАМ-ТРАНС, aсоцијација на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија во пресрет на традиционалната годишна средба на превозници.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

На 1 октомври ќе се одржи традиционалниот саем и конференција на превозници. Може ли да ни кажете подетално за каков настан станува збор и каде ќе се одржува? 

Асоцијација Макам-транс Скопје, поддржана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем oваа година по петнаесетти пат традиционалноорганизира годишна средба на превозници која средба ќе се одржи во хотел Белви во Скопје, на отворен простор кој овозможува почитување на сите протоколи предвидени за заштита од Корона вирусот.  Секоја година  средбата е посетена од повеќе од 300 гости меѓу кои:  најмногу претставници од превозните трговски друштва (сопственици), претставници на државни институции, претставници на ВИП членките на асоцијацијата (компании од дејности поврзани со давање услуги/стоки на превозниците), претставници од здруженијата за превоз на стока од регионот и голем број на останати гости.

- Advertisement -

Оваа година, за жал настанот се организиран под посебни услови, со ограничен број на присутни, со почитување на сите мерки и протоколи согласно моменталната ситуација со Ковид-19, но сепак ќе можат да се проследат теми од голем интерес за превозниците. Настанот ќе биде хибриден, што значи ќе имаме претставници од превозните трговски друштва, гости, соработници и претставници од државните институции со физичко присуство, но и превозници, соработници и колеги од регионалните здруженија кои ќе ни се приклучат онлајн на настанот.

Главна тема на настанот се предизвиците и последиците од пандемијата Ковид-19, искуството во регионот, какви се резултатите согласно податоците со кои располага најголемата транспортна берза Тимоком и какви чекори треба да се преземат за во иднина.

- Advertisement -

Голем број на соработници, компании од поврзани области кои нудат услуги и производи за превозниците ќе имаат штандови каде ќе може  да се престават со палета на нивни производи и услуги директно пред превозниците. Соработници и ВИП членки на Асоцијацијата кои се очекува да бидат присутни на настанот се:

  • Волво
  • Ман Импортер
  • МакАутоСтар
  • Технокомерц – застапник за Renault
  • НЛБ Банка
  • Прокредит Банка
  • Фоксит Доо
  • Трпуш Ѓуровски Дооел – застапник за Shell Fleet Solutions
  • Деламоде Македонија Дооел
  • ДДВ сервис имо Дооел
  • С-лизинг Доо
  • Power Sport System – ПСС
  • Ам Церт
  • Мол Србија
  • Easytrip
  • TimoCom
  • Халк Осигурување

Особено важен дел од настанот ќе биде чинот на потпишување на Меморандум за соработка со нашите колеги од здруженија на превозници во Србија и Хрватска со цел да се овозможи регионална примена на мобилната и веб апликација Makam-trans Communication која Асоцијација Макам-транс ја изработи како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Последен дел од настанот, традиционално е посветен на електронската распределба на меѓународните транспортни дозволи со ставање акцент на годишните ЕКМТ дозволи.

Транспортната индустрија е една од најпогодените од Ковид-19 пандемијата. Кажете ни подетално (со бројки ако може) за последиците и штетите кои ги трпи македонската транспортна индустрија? 

Транспортот, заедно со туризмот и угостителството е еден од најпогодените сектори. Она што на почетокот од кризата беше најголем предизвик е воспоставувањето на непречен превоз на стоки, лобирањето за изземање на превозниците од забраните за влез во европските држави затоа што превозот е важен елемент од синџирот на кружното движење на капиталот и благодарение на  храброст и пожртвуваност на превозниците  во услови на пандемија, никој не почувствува недостаток на производи за широка потрошувачка, лекови и друга стока која е основа за работа на многу производни и трговски капацитети.

На  почетокот  на кризата имаше  голем застој во работата на превозниците поради затворање или намалување на обемот на работа на големи производствени и трговски капацитети, забрани за влез во одредени држави како што беше случајот со Турција, каде голем број на превозници во период од 2 месеци воопшто не работеа, затоа што во услови на пандемијата, можноста за наоѓање на нови пазари и преструктуирање се уште потешки. Согласно спроведената анкета на Асоцијација Макам-транс на крајот од месец април, 38% од превозниците работеа со капацитет од 50%, а 59% од нив работеа со капацитет помал од 50% и само 3% од превозниците работеа со полн капацитет. Во истата анкета резултатот кој се покажа во однос на приходите кај превозниците беше како што следи:

– Значително намален -> 13% трговски друштва,
– Намалување до 20% на приходи -> 5 % трговски друштва,
– Намалување од 20%-50% приходи –> 19% трговски друштва,
– Намалување над 50% приходи –> 61% трговски друштва и
– Затворени трговски друштва –> 2%.

Во периодот кој следи голем број од превозниците ќе се соочат со проблем со ликвидноста. Ќе имаат  потешкотии во наплата на надомест за извршени превози, одложувањето на роковите на наплата и слично. Доколку сакаме непречена циркулација на размени на стоки меѓу државите  во Европа, но и во внатрешноста на државата, овој сектор мора да биде опфатен со новиот сет на мерки како помош за справување со кризата донесен од Владата.

Владата досега излезе со неколку пакети мерки за помош на економијата. Кажете ни колку истите беа во функција на транспортнерите и кои мерки ги предлагате вие? 

Во однос на досегашните мерки превозниците во најголем дел ги користеа бескаматните кредити и мерката финансиска помош од 14.500 денари месечно по вработен.

Како Асоцијација постојано доставуваме иницијативи до Влада и надлежни институции со цел да се создадат услови за полесно извршување на дејноста, а меѓу оние кои се последни доставени се:

  • субвенција на име додаток за ризик од Корона вирус за професионални возачи,
  • замрзнување на наплата на камата и ануитети за месеците октомври, ноември и декември 2020 година,
  • Да се враќаат во пократок рок  износите за поврат на ДДВ,
  • Да се одреди плаќање на рати за фонд за патишта (минимум 6 месеци) или компензација со побарувањата за поврат на средства од овој фонд со што ќе се намали теретот кој се чувствува при регистрација на возниот парк,
  • Да се намалат патарините,
  • Да се укине наплата на надомест за царински терминали,
  • Неселективно одобрување на кредити без камата,
  • Надоместок за нотарска заверка на договорите за кредит да се намали за 50% од сегашните тарифи,
  • Во целост да се укине пресметување на камата за задоцнето плаќање на даночен износ,
  • субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба до крајот на годината.
  • Инспекторите за квалитет да работат 24/7 на главните гранични премини Богородица и Табановце со што ќе се овозможи на трговски друштва кои имаат поедноставени постапки целата процедура да ја завршуваат на гранична линија,
  • Законска одредба за поврат на дел од акциза која се плаќа за погонското гориво,
  • Измена на дел од Уредба за распределба и дистрибуција на меѓународни дозволи за да нема остаток на ЕКМТ дозволи во процесот на распределба,
  • Закон за платен промет, да се донесат измени во однос на наплата на превисоки провизии од страна на банките за услугите кои ги даваат.

Кои пораки ќе бидат упатени од ваша страна на овој настан? 

Скоро 6% од сите вработени луѓе ширум светот работат во патен сообраќај – главно во мали и средни фирми кои не можат лесно да се справат со  последиците врз економијата како нус појави од влијанието на  КОВИД – 19, затоа потребно е конкретна помош кон овој сектор кој е меѓу оние кои се најмногу погодени од економската криза.

Превозот со оние 6% вработени е и ќе биде двигател на развојот и заживување на целокупната светска економија, игра важна улога во општеството, има големо влијание врз мобилноста на вработените и нивно зголемување. Достапноста на секој производ до секој дом е возможно единствено преку активноста на превозниците.

Да направиме стратегија, да планираме, да се даде можност и шанса за заживување на секој сегмент од нашето општество, само така ќе успееме заедно да ги надминеме сите предизвици затоа што превозот е АЛКА на меѓусебното поврзување.

Сподели!
- Advertisement -