Австралиска компанија прави тест за КОВИД-19 на база на пекарски квасец

- Advertisement -

Биотехнолошката компанија Xing Technologies доби од владата на државата Квисленд 1,5 милиони долари за финансирање на проектот XavTrap, кој научниците го претставија пред неколку дена и објаснија дека би требало да функционира слично како тест за бременост.

Имено, неколку капки од посебна течност се ставаат на стапче за земање бриз од носот, кое потоа се става на посебна лента и во рок од 15 минути, зависно од степенот на зараза, се добиваат резултатите, објасни водителот на проектот, Јадвир Гревал.

- Advertisement -

Пекарскиот квасец е обложен со честички кои можат да го фатат вирусот како леплива лента. Се комбинира со технологија на лента како што се користи кај тестовите за бременост.

„Другите тестови кои може да се најдат на пазарот се одлични. Сите тие се добри тестови, но не може да прават разлика помеѓу жив и мртов вирус“ објаснува Гревал.

- Advertisement -

Евтините и брзи тестови може да се користат во зоните на висок ризик како што се болниците, домовите за стари лица и трговските центри. Може да се користи и за дијагностицирање на денга треска.

Сличен тест се развива и во САД, но австралиските власти се надеваат дека нивниот тест ќе биде достапен до крајот на годинава.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -