Заменикот министер за финансии д-р Димитар Ковачевски повеќе не е сопственик во Пиксел Гроуп Доо Скопје

- Advertisement -

Д-р Димитар Ковачевски од денес не е дел од сопственичката структура на Пиксел Гроуп Доо Скопје.

На ден 28.09.2020 д-р Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa.

- Advertisement -

Врз основа на претходното д-р Ковачевски го пренесе во целост својот удел на содружникот во Пиксел Гроуп и со тоа веќе нема никакви удели ниту интереси во компанијата. Со тоа д-р Ковачевски целосно се посветува на вршење на својата нова функција.

Менаџерскиот тим и вработените во Пиксел Гроуп сакаат да му се заблагодарат на д-р Ковачевски за неговата визија, енергија, знаење и труд вложени во основањето и градењето на Пиксел Гроуп во успешна и респектибилна компанија, му посакуваат лично здравје и многу успеси во понатамошните професионални предизвици.

- Advertisement -

Д-р Ковачевски во изминатиот период работеше и на уште еден проект од областа на биг дата технологии со партнери од Јапонија, за која цел ја формираше Токио Комуникации Дооел Скопје. Заради кризата предизвикана од глобалната пандемија од вирусот КОВИД 19 проектот е откажан, а правното лице Токио Комуникации Дооел Скопје  е неактивно и е во процес на гаснење.

Сподели!
- Advertisement -