Германија ќе прима по 25.000 работници од Западен Балкан на годишно ниво

- Advertisement -

Германија на годишно ниво ќе прима по 25.000 работници од Западен Балкан.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека германската имиграциска политика кон Западен Балкан се покажала функционална во претходните пет години.

- Advertisement -

Тој најави дека германската Влада утре ќе разгледува продолжување на овој аранжман, кој истекува кон крајот на годинава.„Постоечките правила за Западен Балкан го издржаа тестот на времето. Во ноември 2015 година договорено е предусловот за влез во Германија да биде постоечкиот договор за труд“, вели министерот.

Федералните агенции за вработување оценуваат дека овој систем добро функционира, а злоупотребата е многу мала.

- Advertisement -

Извор – Нетпрес

Сподели!
- Advertisement -