„Максигард“ ДОО – Виница е нова и динамична компанија, којашто започна да произведува заштитни маски и друга заштитна опрема, основана со цел да придонесе во заштитата на населението и вработените во институциите и стопанството од вирусни, бактериски, поленски и други загадувања и инфекции.
Имајќи ја предвид актуелната пандемија поради Ковид-19 и недостатокот на заштитни маски за населението, институциите и индустријата, „Максигард“ ДОО – Виница инвестираше во нови модерни производни линии за производство на заштитни маски, каде за почеток се отворени 8 нови работни места, а во наредниот период ќе следат уште нови вработувања.
Самите производи се со врвна заштита со CE-знак, а компанијата располага со ISO 9001 стандард за менаџмент со квалитет, ккао и ISO 13485 стандард за производство на медицински помагала.
Заштитните маски произведени во „Максигард“ се со врвен квалитет, а разполагаат со:
– еднократни 3-слојни заштитни маски за лице (за возрасни и за деца);
– висок степен на заштита – филтрација (BFE и PFE >95%);
– еластични ластици за прицврстување (има и варијанта со врзување);
– комфорен дизајн со приспособлив адаптер за носот;
– лесни и пријатни за носење и дишење;
– хигиенско и практично пакување по 5/1 и 10/1 во целофан и 50/1 во ХК кутија;
– произведени по Европска норма EN14683;
– CE-цертифицирани