Илон Маск и војската на САД плнаираат да изградат ракета со досег од 12.000 км на час, која ќе може да доставува 80 тони оружје речиси каде било во светот за рок од 1 час. Според договорот меѓу Маск и американската војска, почетните испитувања за ракетите ќе започнат во 2021 година.
Патувањето од Флорида до Авганистан од повеќе од 12.300 км со оваа ракета ќе трае само еден час, пренесува Business Insider. За споредба, американскиот C-17 Globemaster, односно воено-транспортен авион кој чини 2018 милиони долари, со максимална брзина од 950 км на час би го завршил патувањето за околу 15 часа.
„Замислете преместување на товарот еквивалентен на авионот C-17 каде било во светот за помалку од еден час. Можам да ви речам дека SpaceX брзо напредува на тоа поле. Затоа сум возбуден поради нашиот тим кој работи со SpaceX“ изјавија од војската на САД.
Уште една авионска компанија, Exploration Architecture Corporation (XArc), исто така ќе биде дел од иастражувачката програма за развој на нови американски ракето.
Новиот план на Илон Маск, следува неколку дена по потпишувањето на договорот меѓу SpaceX и Пентагон за изработка на сателит за следен на проектили вреден 149 милиони долари.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)