Македонија преку ЕУ набавува дополнителни дози од лекот „Ремдесивир“

- Advertisement -


Дополнителни количини на лекот „Ремдесивир“ набавува Македонија од Европската Унија.

Како што информира Министерството за здравство, Европската Комисија потпишала договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините.

- Advertisement -

Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.

- Advertisement -

Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна , респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Инаку, Република Северна Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот Ремдесивир, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот.

- Advertisement -

(Denar.mk)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -