Научниците орктија дека одредени хигиенски производи кои секојдневно ги користиме имаат значително влијание врз новиот корона вирус, а тоа сознание може да помогне во сузбивањето на ширењето на пандемијата.
Ново научно истражување откри нови средства кои секојдневно ги користиме, а кои се дополнително оружје во борбата против пандемијата. Имено, станува збор за производи кои вклучуваат течности за испирање уста, средства за испирање нос и шампони за бебе.
Треба да се напомене дека студијата не сурерира дека овие производи се сребрен куршум кој ќе ве направи имуни на КОВИД-19. Исто така, тие производи не се тестирани на вообичаениот начин туку тестирањата се спроведени во лабораторија со користење на одгледани човечки клетки во соодветни раствори.
Научниците за тестирањето го користеле вирусот HCoV-229e, а не SARS-CoV-2. Тие два вируси генетски се многу слични, па генерално гледано, резултатите од тестирањето може да се применат и за новиот корона вирус.
Тестирањата покажале дека сите наведени хигиенски производи ефикасно го деактивирале вирусот, иако постојат разлики меѓу одделните средства кои зависеле од тоа колку долго биле во контакт со вирусот.
Шампонот за бебе успешно го неутрализирал вирусот за 1-2 минути, односно за 1 минута неутрализирал 90%, а за 2 минути 99,9% од вирусот. Течноста за испирање уста била поефикасна, па за 30 секунди неутрализирала 99,9% од вирусот.
(Science Alert)
(фото: Pixabay)