Глобалната фондација за образование и лидерство (tGELF) од оваа година на Балканот ќе го организира натпреварот „Претприемништвото како спорт“. Апликацијата за Северна Македонија е до 15 ноември преку веб-страницата https://bit.ly/3knedoy.
Фондацијата е една од најголемите во светот со примарна цел да ги идентификува и финансиски да ги зајакне младите лидери, негувајќи ги високите морални и алтруистички вредности на младите лидери што ги развива, како водачи на новата генерација што ќе го води светот на бизнисот, политиката и економијата на подобар и поинаков начин од денешните лидери. Фондацијата, исто така, помага во понатамошното образование на младите лидери и промовира размена на знаења и искуства.
Претприемништво на спортската генерација (ЕСГ) / Entrepreneurship Sport Generation – ESG) односно Претприемништвото како спорт, е движење чија цел е новиот двигател на светот да биде претприемништво. Главната карактеристика е конкуренцијата на претприемачи во спортска форма.
Натпреварот организиран од tGELF (Глобална фондација за образование и лидерство) се состои од три категории. Првата е фазата на идеи и се однесува на сите оние кои имаат идеја да започнат бизнис (производство и / или услуга), а во моментов немаат средства за нејзино спроведување. Втората категорија – фаза на вложување, се однесува на стартапи – компании кои не се постари од седум години. Третата категорија е социјално влијание и се однесува на социјалното претприемништво, т.е. на претприемачи кои почнале бизнис со цел да се решат социјални или еколошки проблеми со пристап на пазарот. Наградниот фонд е 300 милиони долари.
– Ако мислите дека вашата идеја или вашиот стартап може да се натпреваруваат со најдобрите во регионот, а потоа и на меѓународната арена, македонскиот ЕСГ е вистинското место за вас, се наведува во соопштението.
Глобалната фондација за образование и лидерство е основана од семејството Кемка, кое покрај извонредните успеси во светот на високиот бизнис, познато е и по својата хуманитарна работа и филантропија. tGELF е присутен во светот многу години во над 200 земји и помогна во зајакнувањето на повеќе од 175 000 млади претприемачи и стартапи преку Светскиот куп за претприемништво.