Во Млечниот пат има дури 300 милиони планети на кои може да има живот

- Advertisement -

Според податоци на телескопот Кеплер и мисијата Гаја, во Млечниот пат може да има до 300 милиони планети на кои може да има живот. До тој заклучок стигнаа научници од институтот SETI, НАСА и други интернационални организации. Истражувањето не само што покажува колку потенцијално населливи планети има, туку е клучен фактор во равенката Дрејк која проценува колку вонземски цивилизации може да има во универзумот.

Равенката Дрејк ја создаде д-р Френк Дрејк во 1961 година и тоа е најпознатата формула за истражување на вонземски технолошки цивилизации кои потенцијално бо комуницирале со Земјата со користење радиосигнали. Равенката се базира на повеќе фактори, меѓу кои стапката на формирање на ѕвездите, бројот на ѕвезди што имаат планети, колку населливи планети имаат ѕвезда во близина, бројот на планети кои развиле живот, бројот на планети кои произвеле интелигентни форми на живот, како и животниот век на тие цивилизации.

- Advertisement -

Проблемот е во тоа што ниеден од тие фактори не е константа. Некои се само груби проценки, а некои се чисто нагаѓање. Резултатот е равенка која проценува дека има од 1 до 100 милиони технолошки цивилизации во нашата галаксија.

Со цел да се добијат поконкретни информации истражувачите овој пат користеле податоци од мисијата на Кеплер за ловење егзопланети. Студијата анализирала егзопланети кои се иста големина со Земјата, се вртат околу ѕвезди слични на Сонцето со слична старост и кои се во населливата зона од нивната ѕвезда каде што може да има вода.

- Advertisement -

Оваа студија е слична на претходните, но според институтот SETI новото истражување ја вклучува не само оддалеченоста од ѕвездата, туку и количината светлина која ја добива планетата. Тоа е постигнато со комбинирање на податоците од Кеплер со мисијата Гаја, која ја мери количината енергија која ја емитува ѕвездата.

Резултатот е проценка дека има околу 300 милиони потенцијално населливи планети во нашата галаксија, од кои некои се на оддалеченост од 30 светлосни години од нас. Сепак, оваа бројка може дополнително да прецизира како што ќе дознаваме повеќе работи за атмосферата на планетите и како таа влијае на постоењето течна вода.

- Advertisement -

„Знаењето кои се најчестите видови планети е многу битно за организацијата на наредните мисии за пронаоѓање егзопланети” вели Мишел Кунимото, коавтор на студијата. Истражувањето беше објавено во спсианието Astronomical Journal.

(New Atlas)

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -