Затоплувањето на морињата поради климатските промени предизвикува силни урагани кои кога ќе дојдат до копното бавно слабеат и се се поразорни, покажа една нова студија. Научниците предупредуваат дека тоа откритие сугерира дека заедниците на поширокиот крајбрежен појас, кои се помалку подготвени од крајбрежните подрачја за справување со ураганите, се изложени на се поголем ризик од страдање.
Ефектите на климатските промени врз трoпските бури, вклучувајќи ги ураганите, уште се проучуваат, но веќе се знае дека потоплата планета резултира со можни и големи бури. Научници од јапонски универзитет ги проучувале податоците за северноамерикансктие бури од 1867 до 2018 година и го анализирале темпото на нивно слабеење, односно колку им требало да ослабат првиот ден откако стигнале на копното.
Тие сакале да откријат какво влијание би можеле да имаат се потоплите мориња на бурите кога ќе дојдат до копното, кога обично почнуваат да губат на сила. „Покажавме дека во последните 50 години времето потребно за да ослабат бурите е двојно зголемено, а тоа е битно зголемување“, изјави Апф Пинаки Чакработи, професор од Институтот за наука и технологија на Универзитетот Окинава.
Тоа може да значи дека разорното дејство на бурите повеќе нема да се ограничи само на крајбрежниот појас, туку ќе предизвика поголеми штети и ќе однесе повеќе животи на копното, предупредува тој.
Научниците откриле и дека подолгото време потребно за да ослабат бурите е поврзано со температурите на морето, кои се разликуваат од година до година. Тие утврдиле дека постои јасна врска меѓу нив. Имено, кога површината на морето е повисока, бурите остануваат разорни и им треба повеќе време за да ослабат откако ќе стигнат до копното.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)