Истражување откри на кои четири места е најголема веројатноста да се заразите со корона вирус

- Advertisement -

Истражувачи следеа анонимни телефонски податоци на речиси 100 милиони Американци кои живеат во десетте најголеми американски градови. Новата студија која ја спроведоа истражувачи од универзитетите Стенфорд и Нортвестерн откри дека потојат неколку места на кои Американците се во најголема опасност да се заразат со корона вирусот. Наодите од студијата се објавени во списанието Nature.

Податоците кои ги користеле истражвачите ги следеле испитаниците од нивните домви до различни локации во текот на денот во периодот од 1 март до 2 мај. Истражувачите откриле дека најголем е ризикот за заразување со корона вирусот во теретаните, хотелите, кафулињата и верските објекти.

- Advertisement -

„Во рестораните луѓето остануваат подолго, а поголем број луѓе се собрани во мала површина. Густината на луѓето таму е прилично голема во споредба со трговските центри, кои се поголеми места и не се приближно преполни со луѓе како рестораните“ вели Јуре Лесковец, водечки автор на студијата.

(Poslovni Dnevnik)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -