Ако не ги смениме навиките, до 2050 година половина од луѓето ќе бидат гојазни

- Advertisement -

Ако се продолжи со сегашните трендови на нездрава храна, повеќе од 4 милијарди луѓе може да имаат прекумерна тежина до 2050 година. Од нив 1,5 милијарди би пателе од гојазност, покажа ново истражување.

Предупредувајќи на здравствена криза од незамисливи размери експерти од Институтот за истражување на влијанијата од климатските промени во Потсдам велат дека побарувачката за храна може да се зголеми за 50% до средината на векот и да ги надмине капацитетите на Земјата за одржлива природа.

- Advertisement -

Производството на храна уште сега троши 3/4 од залихите на свежа вода во светот и една третина од почвата, а одговорна е и за третина од емисијата на стакелнички гасови. Обезбедувајќи преглед на промените на прехранбените навиките во светот од 1965 до 2100 година, научниците користеле отворен модел за да предвидат како побарувачката за храна ќе реагира на растот на населението, стареењето, растечкиот индекс на телесна маса, падот на телесната активност и се поголемото фрлање храна.

Тие утврдиле дека со непроменето однесување на луѓето, повеќе од 4 милијарди луѓе во светот или 45% од жителите до 2050 година ќе имаат прекумерна телесна тежина. Според тој модел, 16% ќе бидат гојазни во споредба со сегашните 29%.

- Advertisement -

Фрлањето се повеќе храна и порастот на потрошувачката на протеини од животинско потекло значи дека влијанието на околината на нашето земјоделство ќе излезе од контрола, вели водителот на истражувањето, Бенџамин Бодирски, чии резултати се објавени во списанието Nature Scientific Reports. Без оглед на тоа дали се работи за стакленички гасови, загадување со вородод или уништување на шумите, доаѓаме до границите на нашата планета или сме ги надминале.

Иако трендовите се разликуваат од регион до регион, авторите на истражувањето заклучуваат дека глобалните прехранбени навики се оддалечуваат од исхрана базирана на растителни продукти и скроб кон храна богата со шеќери, масти и храна од животинско потекло.

- Advertisement -

Истовремено, со истражувањето е утврдено дека покрај се поголемата нееднаквост и фрлањето храна која се произведува, околу половина милијарди луѓе во светот до крајот на векот би биле неухранети.

Во светот има доволно храна. Проблемот е што најсиромашните не можат да ја купат, а во богатите земји не се чувствуваат економските последици и последиците по околината од фрлањето храна, вели Праџал Прадхан, коавтор на истражувањето.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -